Емисии и рубрики
CACATUA TOP 20
(Презентирано од Cacatua Urban Look)
Ова е официјална топ листа на 106-ка на 20-те највртени најслушани и најбарани хитови. Најстарата радиска емисија и најстарата радиска неделна топ листа во земјата! Топ листата е во продукција на Милан Ризвановиќ, кој и ја води. Премиерно се емитува во сабота со старт во 19:00 часот кај нас, а потоа и на повеќе македонски радио станици.
1.631. издание, емитувано на 21. јуни 2025:
20. FLO RIDA F. THAT MEXICAN OT – BAD IDEA
19. R3HAB – ALL MY LIFE
18. CLIPSE – ACE TRUMPETS
17. DYLAN – BAD
16. JONAS BROTHERS – NO TIME TO TALK
15. ED SHEERAN – SAPPHIRE
14. RUDIMENTAL & KHALID – ALL I KNOW
13. DAVID BYRNE & GHOST TRAIN ORCHESTRA – EVERYBODY LAUGHS
12. ALEX WARREN – ORDINARY
11. AVICII & ELLE KING – LET’S RIDE AWAY
10. JOSH LEVI – DON’T GO
09. JULIA MICHAELS – TRY YOUR LUCK
08. LOST FREQUENCIES & THE TEMPER TRAP – SWEET DISPOSITION (A MOMENT, A LOVE)
07. WILL SMITH F. OBANGA – PRETTY GIRLS
06. KALEO – BLOODLINE
05. ROLE MODEL – SALLY, WHEN THE WINE RUNS OUT
04. JOSH ROSS F. AKON – DRUNK RIGHT NOW (NA NA NA)
03. MORGAN WALLEN F. TATE MCRAE – WHAT I WANT
02. SABRINA CARPENTER – MANCHILD
01. MILEY CYRUS – EASY LOVER
(Трета недела на врвот)
Новитети за оваа недела:
WILL SMITH F. OBANGA – PRETTY GIRLS
DYLAN – BAD
JOSH LEVI – DON’T GO
JONAS BROTHERS – NO TIME TO TALK
DAVID BYRNE & GHOST TRAIN ORCHESTRA – EVERYBODY LAUGHS
СЛУШАЈ ГО ПОСЛЕДНОТО ИЗДАНИЕ СЕГА!
Доколку сакате и вашите фаворити да најдат место меѓу врвните 20 на 106-ка, гласајте на 106radio@gmail.com! Гласајте за било која песна без разлика дали ја има на топ листата или не. Mожете претходно да ја разгледате плеј листата на 106ка, и од неа да одберете песна (или повеќе) за која мислите дека треба да ја има на Cacatua Top 20.
СЛУШАЈ ГИ МИНАТИТЕ ИЗДАНИЈА НА КАКАДУ ТОП 20!
SUGAR RADIO SHOW
Шеќерното Радио Шоу претставено од Robin Schulz ви ги донесува неговите омилени песни, најнови изданија и класични хитови еднаш неделно во едночасовен микс. Robin Schulz првпат се најде на врвот на светските топ листи со неговиот познат ремикс на Waves во соработка со Mr. Probz и го постигна својот пробив со глобалниот хит Prayer in C заедно со Lilly Wood & The Prick! Надоврзувајќи се на неговиот уникатен спој на хаус, електро и поп, диџејот и продуцентот од Оснабрик во меѓувреме се етаблира како најуспешниот музички извоз од Германија во изминатите две децении во рекордно време. Слушајте го Sugar Radio Show во вторник во 20:00 часот.
Ова е едночасовна емисија во која се презентираат сите поважни настани од изминатата недела на светската музичка сцена. Низ емисијата заедно со вас е Милан, а техничката реализација е на Кочо Христовски, Теона Христовска, Кире Христовски и Милан Ризвановиќ.
Се емитува секоја сабота и недела од 06:30 до 11:00 часот, а ги содржи скоро истите информации како и утринското шоу на 106-ка но прилагодени за викендот со многу повеќе информации од светот на шоу бизнисот, модата, културата…
Низ емисијата ве води Билјана, а техничката реализација е на Кочо Христовски, Теона Христовска, Кире Христовски и Милан Ризвановиќ.
Се емитува секоја сабота и недела од 11:00 до 15:00 часот. Покрај новите хитови и класиките, слушате интересни информации од сферата на медицината, науката, интернетот, бизнис информации и се што е интересно и актуелно. Информациите се од локално и глобално ниво. Водители на емисијата се Кире Христовски и Милан Ризвановиќ, а техничката реализација е на Кочо Христовски, Теона Христовска, Кире Христовски и Милан Ризвановиќ.
Како што самиот наслов на терминот вели ова се златните хитови низ музичката историја. Песни кои ја создавале историјата на популарната музика од 50-тите па наваму, многу од нив и заборавени хитови кои, како и новата музика чесо пати се големо освежување на радио. Терминот е во недела од 16:00 до 18:00 часот. Емисијата е во реализација Теона Христовска и Кире Христовски.
Ова е долгогодишна емисија целосно посветена на македонската музичка сцена и значи за најпрегледниот монитор на мак сцената. Ја следите секоја недела од 15:00 часот. Автор и водител е Стефан Димитровски, а продуцент е Кире Христовски. Ги слушате најголемите македонски хитови некогаш и сега, во комбинација со информации за актуелните настани на сцената, албумски рецензии, потсетување на настани од македонската музичка историја и дргуи содржини.
Секоја среда од 20:00 до 22:00 часот, емисија низ која слушате миксови со електронска, хип хоп и р&б музика. Миксаат најдобрите битолски, македонски но и диџеи од странство. Добредојдени се и сите ваши миксови. Доколку сакате да бидат презентирани во емисијата, праќајте ги во физичка форма (CD) на Крушевска 6 Г, 7 000 Битола, доставете ги директно во нашите студија или пратете линк за превземање од интернет на 106radio@gmail.com. Продуцент и реализатор е Милан Ризвановиќ.